Eco green world ideas background

 

Несоница,скенирање на околината за идеја или ризик, моменти на триумф и еуфорија, падови и депресија, сетоа ова се секојдневни работи за еден претприемач.За некого подемите и падовите се секојдневие па некогаш тоа секојдневие се развива во зависност.

Заедничката студија на Универзитетите во Висконсин и Сиракуза разговарале со шест успешни претприемачи од различни области, кои истовремено имале по неколку проекти и во различни индустрии.

Како што разговаравме со претприемачите осетивме дека нивните размислувања звучат како на нарко зависниците, изјави професорот Alexander McKelvie, кој го води оделот за Претпримеништво и Развој на Претпримеништво на универзитетот во Сиракуза.

Зависност и еуфорија се најчести елементи кои се среќаваат кај претприемачите, можеби тие се и услови за успех.Кога основачот на бизнисот е успешен, надворешниот свет не е свесен и критичен кон негативната страна на таквото однесување.