Скопје Сити Мол, традиционално, по 4 пат организира Саем за деца кој ќе се одржи во периодот  од 20 до 23 ноември 2014г . Четирите саемски денови ќе изобилуваат со неверојатни попусти и извонредна забавна програма за сите родители и нивните најмили.

Закупците од детскиот дел ќе понудат попусти и до неверојатни 50% на бебешка опрема, облека, обувки, играчки и книги додека на вториот кат ќе се одвива забавна програма преку едукативни игри, конкурси, натпревари, претстави, детска модна ревија и танц.

За прв пат во рамки на саемот а како дел од своето општествено – одговорно работење за развој на заедницата,  Скопје Сити Мол подготвува  БЕЈБИ ДЕН кој ќе биде посветен исклучиво на нашите најмили – бебињата.

Целта на настаните во рамки на бејби денот е низ игра и забава, во строго контролирани и безбедни услови, да дадеме поддршка на родителите и заеднички да размениме искуства за грижата, здравјето и благосотојбата на најмалите.

Бејби денот се случува во САБОТА на 22-РИ НОЕМВРИ со почеток во 13:00 часот на вториот кат а ги повикува младите родители на ПАРАДА на уникатно декорирани бебешки колички и бејби ОЛИМПИЈАДА со трка во ЛАЗЕЊЕ и трка со ДУБАЧИЊА.  За најкреатвните колички обезбедивме одлични награди меѓу кои и највредната– Детско седиште за во автомобил од BEBECONFORT.

Саем за деца
Саем за деца

За повеќе информации кликнете овде