Архитекти,граѓани кои ја почнаа иницијатива по најавеното трансформирање на Градскиот трговски центар во барок ве покануваат на предновогодишен настан.

Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат ГТЦ да остане градски, достоинствено да застанеме на „барикадата“ која не смее да падне!  Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила препознатливата архитектура на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро. Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015-та година, иницијативата Го сакам ГТЦ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар“, порачува иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

Предновогодишен протест-настан
Предновогодишен протест-настан

 

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните на заедничка акција за поддршка на идејата за зачувување на карактерот и духот на ГТЦ, извор официцијална страна на иницијативата Го сакам ГТЦ