платформа

 

 

Аналитичарите и политичарите продолжуваат со анализите што ќе донесе поефтината нафта за целиот свет и економскиот раст.Аналитичарите од Родиум Груп направија табела со најголемите добитници и дрѓавите кои најмногу изгубија од ефтината нафта.По се изгледа дека добитници се сите земји а единствено губат само производителите и извозниците на нафта.Африканските земји кои се извозници на нафта, и чиј што приход од нафта ја полни државната каса , Еквиторијална Гвинеја, Република Конго и Ангола се трите западно Африкански држави кои најмногу ќе изгубат, околу 20% од нивниот БДП.

За Џибути, Сејшелите и Киргистан увозот на нафта завзема значаен дел од нивните економии, па затоа и добивката од ефтината нафта ќе биде најголем, заштеда до 11% од нивниот БДП, со што потрошувачите во нивните земји имаат повеќе средства на располагање што би довело до поголемо трошење и раст на економијата.

Република Македонија би можела да заштеди до 69 милиони американски долари согласно анализата на Родиум Групата, односно до 2,2% од БДП, анализата е направена при промена на барел нафта по цена од $ 108усд и при цена од $71 усд.Дали оваа заштеда ќе донесе позитивен импут за домашната економија останува да видиме во текот на цела 2015 година.

Добивка и загуба од ефтината нафта мапа
Добивка и загуба од ефтината нафта мапа

 

Изразена во долари загубата за производителите се движи 117 милијарди долари за Саудиска Арабија доколку цената се задржи на ниско ниво во текот на цела 2015 година,Русија која веќе е во рецесија може да загуби до 100 милијарди американски долари, што преставува скоро 5% од државниот буџет.

Еден од главните аналитичари на Родиум Групацијата Тревор Хоусер  предвидува дека најголемите увозници на нафта може да заштедат вкупно повеќе од $500 милијарди американски долари доколку се задржат ниските цени во текот на 2015 година.