Државен испит трошоци извор Студентски Пленум
Државен испит трошоци извор Студентски Пленум

Законските измени во високото образование ќе донесат нови трошоци за државниот буџет.Измените кои беа прифатени во собраниските комисии во 3 часот по полноќ ќе донесат нови измени и нови трошоци.

Премиерот Никола Груевски на јавната владина седница побара министерот за финансии Зоран Ставрески, како што рече, „да не биде циција“ и да го одврзе државниот буџет за овие членови, за стимул.
„Нето платата на членот на Одборот кој ја врши функцијата професионално во Одборот изнесува седум и половина просечни нето плати исплатени во Република Македонија во минатата година, освен за членовите од став 1 алинеја 5 на овој член, за кои висината на надоместокот е во висина од петнаесет просечни нето плати исплатени во Република Македонија во минатата година. Членовите од став 1 алинеја 5 на овој член имаат право на надоместок за направените трошоци за превоз, како и за сместување и здравствено осигурување во Република Македонија“, се вели во членот од измените на Законот за високо образование.

„Студентски пленум“ на својата Фејсбук страница  објави графички приказ во кој се наведува дека со 1,5 милиони денари, владата може да купи 32 микроскопи за студентите кои ќе се користат во наредните 10 години, наместо да исплати 11 лица што ќе го реализираат државниот испит.
Два члена од редот на наставници странски државјани од 500-те највисоко рангирани високообразовни установи, рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет, ќе земаат месечен надомест од 15 плати.