Светски економски форум во Давос
Светски економски форум во Давос

Денеска официјално започна Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.Политичари, Директори на Fortune 500 компании и најголемите експерти во одредени области се собраа во малото градче сместено во Швајцарските Алпи, за да дискутираат за најголемите предизвици кои престојат во наредните години.

Повеќе од 2.500 луѓе од целиот свет   присуствуваат на четири дневниот форум.

Што е Давос?

Давос е четири дневна конференција која се одржува во Швајцарски ски ресорт, но со годините стана многу повеќе од тоа.За учесниците стана фетивал за поврзување(networking).Покана за конференцијата значи дека сте успеале, а софистицираниот систем на значки го одредува вашето место во хиерхаријата на Давос.

За критичарите учесникот на Давос е светски патник од елитата, отсечен од реалноста на својата држава и нација , поради времето кое го поминува по приватни бизнис клубови.Другите се прашуваат дали е само губење на време.

Кој присуствува?

Повеќе од 2.500 луѓе-бизнис лидери,политичари и чудни познати фаци.Мнозинство од делгати се мажи само 17% се жени.Иако форумот делегира учесници од 100 земји мнозинството делегати се од Западна Европа и САД,а најмалку доаѓаат од Африка и Јужна Америка.Просечна старост на учесниците за мажи е 53 години а за жени 48.

Оваа година 40 национални лидери ќе се појават на конференцијата, едно од најнабљудувани изложувања ќе има претседателот на Египет Abdel Fatah al-Sisi, кој во Мај ги доби изборите.Останати светски лидери кои учестуваат на конферанцијата се Кинескиот премиер Li Keqiang, Францускиот претседател François Hollande и Германската канцеларка Ангела Меркел.Британскиот премиер Дејвид Камерун оваа година не учествува, но затоа таму ќе бидат присутни Тони Блер и Принцот Ендрју.

ЦЕО-та на Facebook Ерик Шмит и Шерил Сандберг,Џек Ма CEO и основач на  Alibaba, Мери Барра од General Motors,Пол Полман од Unilever и Ана Ботин од Santander се едни од најзвучните имиња на годинешниот собир.

Мери Барра ЦЕО General Motors
  Мери Барра ЦЕО General Motors 

Р.Македонија официјално нема свој преставник на овој значаен светски политички и економски форум, иако владата на Р.Македонија постојано учествува на роад шоу за привлекување на странски инвестиции останува нејасно зашто не учествува на ваков собир каде што присуствуваат највлијателните луѓе во светот.

Од регионот Српскиот премиер Александар Вучич учествува на форумот и како што пренесуваат Српските медиум остварил значајни средби со Кинескиот прмиер со кого било разговарано за проектот на брзата железница Белград-Будимпешта и останатите важни теми кои биле започнати на Београдскиот самит.Српскиот прмиер изјавил дека во разговорите во Давос се труди да привлече инвеститори на разговори за инвестирање во Србија, една од компанииите со која што било разговарано е интернет гигантот Google.

Александар Вучич во Давос со Кинескиот премиер
  Александар Вучич во Давос со Кинескиот премиер