Руанда бизнис

Професорот по хемија од Руанда, Цепас Ншимуреми ( Cephas Nshimyumuremyi )започнал успешен бизнис пред 2 години со само 10 американски долари.Иако ова звучи неверојатно, и повеќе е за рубриките од типот верувале или не, сепак овој професор започанл со 10 долари кои му билте потребни да купи стаклена амбалажа за својот производ.

Денес неговата Убуранга Продуктс произведува растително желе и сапун од локални растенија, вработува 12 луѓе и вреди околу 30.000 американски долари.

Неговата идеја за природна козметика дошла од неговите предавања, додека ги учел неговите ученици како хемијата може да биде употребена на практичен начин:”Предавам хемија и сакав да им покажам на моите ученици како да тестираат растение, и да го распознаат капацитетот на едно растение да убије бактерија” изјавил овој млад претприемач.

Цепас Ншимуреми истотака сакал да ги употреби билките и во научни цели, неговите планови за иднината се да направи решение за некои кожни болести во Африка.

Почни со малку,употреби го твоето знаење

Растенијата кој се употребуваат во неговите продукти се одгледуваат во ботаничка градина, потоа се сушат и се мешаат да се произведе желе или сапун, Цепас тврди дека неговите продукти кожата да биде мазна и ја штитат од бактерии кои предизвикуваат кожни заболувања.

Како и многу други млади бизниси, најголемиот предизвик бил да се рашири информацијата за неговиот производ до што поголем број на луѓе, а сето тоа да се изведе без пари за маркетинг.Друг проблем била амбалажата која морала да биде увезена од Уганда.

Неговата порака до неговите колеги претприемачи е да не мислат дека е потребен голем капитал, тој додава , “Почнете со малку, употребете го вашето знаење и околината која што веќе ја имате.