Управа за јавни приходи
Управа за јавни приходи

 

Како граѓанин на Република Македонија вие сте обврзник на персоналниот данок на доход и сите приходи кои ги остварувате во текот на една календарска година треба да ги пријавите во Управата за јавни приходи. Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2014 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2015 година.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.

Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави

За повеќе информации околку годишната даночна пријава на следниот линк.