Општина Струмица
Општина Струмица

Општинската комисија за проценка на штети од природни непогоди ја привршува теренската работа во четирите населени места кои беа погодени од неодамнешните поплави, Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле. Членовите на комисијата извршиле увид по вкупно 471 барање, од кои 37 во Дабиле, 74 во Просениково, 86 во Сачево и 262 во Муртино.

Од овие барања 40 се за поплавени куќи или помошни простории, а останатите за обработливо земјоделско земјиште во атарите на овие населени места. Барање за проценка на штети поднеле и 12 правни лица.

Според претседателот на комисијата Ацо Ѓоргиев, 95 отсто од проценката е завршена. Сега следува обработката на податоците и изработка на поединечни пресметки за секој подносител на барањето и изработка на извештај за вкупните штети од поплавите, кој откако ќе биде усвоен од Советот на општина Струмица, ќе биде доставен до второстепената владина комисија.

Извор Струмица24