ленс армстронг

 

Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг, мора да врати 10 милиони американски долари на SCA Promotions, осигурителна компанија од Далас, која му платила на Армстронг бонус доколку победи на трката Tour de France.

Долга битка која започна во 2004 година, кога Ленс ја тужеше компанијата за неисплатени бонуси откако победил на Tour de France.Ленс Армстронг и неговите подржувачи изнајмија цела страна во познатиот спортски магазин SportsBusiness Journal, и ја нападнаа осигурителната компанија за неисплаќања на бонусите, која претходно му исплатила за победите во 2002 и 2003 година, но не ја направила последната исплата за 2004 година, бидејќи се сомневале дека Армстронг користел недозволени средства да победи на трките.

На судењето Ленс изјавил под заклетва дека победил чесно, ова и немањето докази било доволно во 2006година SCA Promotions се спогодила да му исплати на Ленс Армстронг 7.5 милиони американски долари.

lens0

 

Но напорите на SCA Promotions, вродија со плод во 2012 година, кога Анти допинг агенцијата на САД му ги одзеде сите седум титули на Tour de France освоени во периодот 1999-2005 година, и му воведе доживотна забрана за учество на трки.

По ова Армстронг на едно телевизиско интервју во 2013 година дадено во емисијата на Опра Винфри, призна дека се допингувал.Еден месец по интервјуто SCA Promotions го вратија случајот на суд, каде што Армстронг изгуби и ќе мора да исплати 10милиони американски долари на осигурителната компанија SCA Promotions.