Benzinska-pumpa

 

После бранот на поефтинување на горивата, најверојатно не очекува ново поскапување.

Регулаторната комисија за енергетика, минатиот понеделник ја зголеми малопродажната цена на нафтените деривати за 3,5 односно 2,5 денари по литар. Тогаш просечната цена на суровата нафта на светските берзи изнесуваше 51.038 долари за барел. Сега, цената на лондонската берза врз основа на која се формираат малопродажните цени е за 11 долари по барел повисока или за повеќе од 20%. Тоа значи дека идниот понеделник можеме да очекуваме големо поскапување на бензините во Македонија. Проценките се дека цената и можела да оди нагоре за 4 до 5 денари по литар.